Новости

Битола инфо

Подигнување на свеста кај родителите за вакцинирање на децата – се одбележува Европската недела на имунизација

Под мотото “Заштити, спречи, вакцинирај!” од 23-29 април, 2018 година Центарот за јавно здравје – Битола активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на имунизација.

Вакцинацијата е најисплатлива јавна-здравствена мерка со која се елиминирани или редуцирани многу заразни заболувања. Придобивките од вакцинирањето на глобално ниво се огромни. Како резултат на оваа превентивна мерка, се спасуваат повеќе од 2 до 3 милони животи годишно низ целиот свет. Благодарение на вакцинцијата, огромни се и финансиските заштеди во здравството, а е подобрен и квалитетот на животот на поединците, велат од Центарот за јавно здравје – Битола.

Во рамките на одбележувањето, се делеа флаери и брошура на плоштадот Магнолија.

-Вакцинацијата претставува најефективна превентивна мерка за заштита од поголем број на заразни заболувања. Треба да се подигне свеста кај родителите за да ги вакцинираат своите деца, бидејќи на тој начин не ги заштитуваат само своите деца туку ги заштитуваат и останатите околу нив. Вакцините се безбедни, се ефикасни, штитат од голем број на смртоносни заболувања. Имено голем број на болести кои што ги имаме заборавено во минатото, уништувале повеќе животи, повеќе и од војните и од природните катастрофи, а вакцинацијата е таа мерка со која што ги превенираме тие болести, рече м-р. д-р Светлана Поповска Кљусева, специјалист по епидемиологија од Центарот за јавно здравје во Битола.

Во текот на Европската недела на имунизација се одржаа повеќе здравствено-воспитни активности како предавања во градинки, училишта, делење на пропагандни материјали и сл.

Целта на овој настан е да се подигне свеста на родителите за потребата да се вакцинираат нивните деца, се со цел го зачуваат нивното здравје и здравјето на населението.

GOLD
To Top