Новости

Битола инфо

Пожарот во Старата битолска чаршија започнал од напуштен објект

Некаде пред 16:00 часот пожарот во Старата битолска чаршија во Битола беше целосно изгаснат, со што се спречи поголема катастрофа. Пожарот избувна околу 13 часот од напуштен објект кој се наоѓа на улицата „Панда Чеснова“, а потоа се префрлил на соседните дуќани поточно на кровната конструкција. Пожарната интервенираше со три возила и 12 пожарникари, а помагаа и граѓаните, сопствениците и вработените во околните дуќани.

Од битолската пожарна велат дека во пожарот нема повредени, а истрагата треба да покаже која е причината за избувнување на пожарот во напуштениот објект од кој настрадаа и соседните дуќани.

GOLD
To Top