Новости

Битола инфо

„Поинаку“ поставија 50 држачи за кеси за ѓубре – ЈП Комуналец ја поздравува иницијативата, но потребна е претходна консултација

„Мал поклон од Поинаку за Општина Битола. Утрово поставивме 50 монтажни држачи за кеси за ѓубре. Држачите се ефтини, лесно одржливи и не оштетуваат. Молба до Комуналец да ги менува редовно, вреќи ќе ви дајме гратис. За поинаква и чиста Битола,“ објавија денеска од „Поинаку“ ставајќи фотографии на Фејсбук каде се се поставени држачите за кеси за ѓубре.

Од ЈП Комуналец се огласија попладево со соопштение.

„На територијата на градот Битола, ЈП „Комуналец“ има поставено 250 мали канти за отпад, на соодветни локации. Според Програмата за работа на јавното претпријатие, усвоена од Советот на Општина Битола, секој ден специјално возило и вработено лице од „Комуналец“ ги празнат кантите за отпад, за што пак, се фактурира и наплаќа од граѓаните, според веќе утврдената програма за работа.

ЈП „Комуналец“ ги поздравува сите иницијативи на граѓаните за собирање на отпад и грижата за почиста животна средина. Воедно, ги повикуваме граѓаните, пред секоја нивна иницијатива, да го консултираат нашето претпријатие за начинот на поставување на одредени реквизити од нивна страна, бидејќи и тоа подлежи на соодветна законска регулатива.

Во насока на соодветна граѓанска одговорност и свесност, ги охрабруваме граѓаните, кои имаат визии за почиста Битола, кога ќе забележат вандалско уништување на кантите за отпадоци низ градот, да реагираат соодветно до нашата институција или до битолската полиција, со цел да се одржат законско поставените соодветни канти за отпадоци во градот“, се вели во соопштението.

 

GOLD
To Top