Новости

Битола инфо

После Маврово најмногу снег во Битола – снежна покривка од 40 сантиметри

Моменталната снежна покривна во Битола изнесува околу 40 сантиметри, додека според податоците на УХМР во 17 часот изнесуваше 38 сантиметри.

Еве колку снег падна на другите места во Македонија според информациите до 17 часот.

39 Маврови Анови, 38 Битола, 37 Лазарополе, Тополчани, 33 П.Шапка, 32 Пожаране, 28 Ѓуриште, 23 Прилеп, 20 Скопје-З.Рид, 17 Тетово, 2 Охрид, 1 К.Паланка.

Измерените температири се: -5 Маврово, -2 Лазарополе, 0 Прилеп, 1 Скопје-Зајчев Рид, К.Паланка, Тетово, Битола, 2 Охрид, Виница, Штип, 3 Демир Капија, 5 Струмица, Берово, 7 Претор.

Снежната покривка до крјот на денот ќе се зголемува, а снежните врнежи се очекува во ноќните часови постепено да престануваат.
Времето утре според метеоролозите ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето во источните делови сеуште ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната од 4 до 10 степени.

Утринските температури до сабота во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.

GOLD
To Top