Новости

Битола инфо

Првоаприлски снег во Битола

Утрово врнежи има во целава земја и речиси насекаде се од снег, а дожд врне само во крајните јужни делови. На повисоките места дува слаб до умерен северен ветер.

Времето во текот на денот ќе биде
облачно со врнежи од снег, а само во долниот тек на Повардарието ќе бидат од дожд и снег. На повеќе места количината на наврнет воден талог ќе биде над 25 л/м2, а најмногу врнежи ќе има во јужните делови. Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 см, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

СНЕЖНА ПОКРИВКА во 8 часот (во см)
16 Дебар, 15 Попова Шапка, 14 Крушево, 11 Маврово, Пожаране, 8 Лазарополе, Ѓуриште, 7 Прилеп, 6 Битола, 5 Тетово, 4 Тополчани, 3 Скопје-З.Рид, Штип, 1 Берово.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА во л/м2, (до 08 часот).
18 Дебар, 12 Маврово, Претор, Крушево, 11 Пожаране, 10 Охрид, 8 Лазарополе, 7 Тетово, Битола, Прилеп, 6 Тополчани, Штип, Д.Капија, Дојран, 5 Ѓуриште, Берово, 4 К.Паланка, Струмица, 3 Скопје-З.Рид.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-8 Маврово, -4 Лазарополе, Крушево, -2 Прилеп, Дебар, -1 К.Паланка, Тетово, Скопје-З.Рид, Штип, Берово, Куманово, 0 Скопје-Петровец, Битола, 1 Д.Капија, Струмица, 2 Охрид, Претор , Дојран.

GOLD
To Top