Новости

Битола инфо

Прегазена 33 – годишна битолчнка

Битолчанката Б.А.(33) е тешко повредена откако била удрена од автомобил. Несреќата се случила вчера утрото на крстосница помеѓу бул..„1 Мај“ и ул.„Стив Наумов“ во Битола.

„Автомобил ,,Фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки, управуван од П.Т.(40) од Битола, удрил во пешакот. Во незгодата Б.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top