Новости

Битола инфо

Предавање на темата ,,Квантна медицина“

Многу луѓе ја знаат добро познатата дефиниција за здравје предложена од СЗО, која гласи: ,,Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци“.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, ВТ Диет клубот и   Нинџицу клуб – Битола се промотори за здравјето, здравата исхрана и здравиот животен стил во Битола и пошироко.

Нивното прво предавање беше на темата: ,,Квантна медицина“.

На предавањето присутните се запознаа со квантната медицина, зошто научниците ја нарекуваат медицина на 22-от век. Исто така, имавме можност да се запознаеме со најсовремените технологии од доменот на квантната медицина кои можат да помогнат, да ги дознаеме најситните финеси за нашето здравје и преку превземање на низа корективни мерки да се заштитиме од болестите на денешницата кои како црна чума го демнат Вашето здравје. Предавањето го одржа основачот на ВТ диет клубот – Таневски Влатко, дипл. лекар натуропат и нутриционистички советник.

 

GOLD
To Top