Новости

Битола инфо

Презентиран проектот за Прифатилиште за бездомни животни во Општина Битола од ПОИНАКУ

Според податоците за 2017 година за бездомни животни на територија на општина Битола бројот е околу 400 кучиња скитници и непознат број на мачки и неколку напади од куче кон граѓани на Битола. Заради оваа причина од ПОИНАКУ изработија проект за изградба и одржување на прифатилиште за бездомни животни како подарок за Општина Битола со кој велат ќе се вклучат во решавањето на овој проблем и подобрување на сликата за Битола и безбедноста на граѓаните.

Денеска на Магнолија го презентираа проектот пред граѓаните на Битола.

-Општина Битола, досега се справува со овој проблем со мали и неквалитетни простории во кругот на зоолошката градина, кои што немаат капацитет, и нехумано се згрижуваат бездомните животни.  Во рамките на овој проект, освен просториите, исто така бездомните животни ќе добиваат и ветеринарна грижа од матичниот ветеринарен лекар и редовна исхрана. Во овој проект ќе биде воведен принципот залови-стерилизирај-маркирај-врати. Односно, после заловувањето, малските миленици, ќе бидат вратени од каде што биле заловени, маркирани со маркица на увото (видлива), која што значи дека тоа куче е стерилизирано и е во одговорност на маалата каде што се наоѓа. Заловувањето на кучиња ќе се врши од страна на квалификувани лица, на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање. Останатиот дел од бездомните ќе бидат во кафези, кои што ќе бидат во прифатилиштето, се до денот на вдомување, каде што ќе добиваат редовен оброк и доколку е потребно ветеринарна грижа.Со овој проект, во прифатилиштето ќе се врши и хумана еутаназија во зависност од болеста, староста и степенот на агресивност кај бездомните животни, изјави Габриела Илиевска, советник од ПОИНАКУ.

Евротип
SNBROKER
To Top