Новости

Битола инфо

Премиера во Битола на документарниот филм на „Манаки- приказна во слики“

Премиера во Центарот за култура Битола на документарниот филм за Јанаки и Милтон Манаки „МАНАКИ- ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ“ на авторот Роберт Јанкулоски.

Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините Браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија, туку и во поширокиот балкански контекст. Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот Манаки – приказна во слики се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.

Оригинален формат: Full HD
Времетраење: 70 мин
Година на производство: 2017/2018
Продуцент, режисер и кинематографер: Роберт Јанкулоски
Сценарио: Илинденка Петрушева, Роберт Јанкулоски
Монтажа: Блаже Дулев
Музика: Горан Керкез
Дизајн на звук: Дарко Спасовски

Голема сала
17.05.2019 (петок)
Почеток: 20:00 ч.
Цената на влезниците е 100 денари.

GOLD
To Top