Новости

Битола инфо

Прес конференција на Бојан Бојкоски – Секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ – Битола

Денеска прес конференција одржа Бојан Бојкоски – Секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ – Битола.

„Екологијата и енергетиката се двете области, кои се од приоритетно и суштинско значење за Битола. Битола е еден од најзагадените градови, дури и на светската листа, а судбината на РЕК Битола и неговото функционирање е повеќе од важно од два аспекта:
– здравјето на битолчани и
– економијата.
Мора да биде направена модернизација на РЕК Битола.
Проектите, кои ги нуди ВМРО ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски за нас, почитувани битолчани, се пресудни. Конечно со реализацијата на проектот Гасификација, завршуваат сите лаги и манипулации на СДСМ, Владата во заминување и неспособната локална самоуправа. Завршување на магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Битола, ќе овозможи комплетна гасификација на Клиничката болница. Гасификацијата овозможува природен гас и бесплатен приклучок за секој граѓанин на општина Битола.
Битолчани, исто така, добиваат можност за енергетска обнова на своите домови преку нови фасади, нови прозорци, сончеви колектори со дури педесетпроцентно учество на државата.
Сите овие сериозни и обмислени проекти во енергетиката директно ја засегаат и здравата животна средина. Преку стручен и добро испланиран пристап до педесет проценти почист воздух. ВМРО ДПМНЕ, своите проекти ги правеше со Вас, почитувани битолчани, од Вашите предлози, идеи и размислувања и токму со Вас заедно, со Вашата поддршка на 12 април и ја обезбедува нивната реализација. Обнова на 12 април, за поубава и почиста Битола“, истакна Бојкоски.

 

 

GOLD
To Top