Новости

Битола инфо

Претставен Студентскиот правобранител на УКЛО

Заштита и подобрување на студентските права и на образовниот процес во целина, се дел од приоритетите на кои ќе се посвети Студентскиот правобранител на УКЛО, Бојан Петровски.
Како прв Студентски правобранител избран на јавните универзитети во државата, тој ја нагласи заложбата за одговорно и одлучно дејствување, при детектирање и решавање на било какви тешкотии или пречки во наставнообразовниот процес и други студентски потреби.
Од име на раководството на УКЛО, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека УКЛО целосно ги формира студентските органи и тела. Нивните активности се силна алатка за развојот на Универзитетот, зашто УКЛО силно го вклучува гласот на студентите и кога нешто не е добро, со цел, процесите да се коригираат и унапредуваат.
Запознавањето со Студентскиот правобранител на УКЛО и излагањето на неговите идни активности се одржа во Ректоратот на УКЛО  по неодамнешниот избор на Бојан Петровски за Студентски правобранител на УКЛО. Инаку Петровски е студент од Правниот факултет и Одлуката за избор на Студентскиот правобранител на УКЛО е донесена по предлог на Универзитетското студентско собрание, на 178. седница на Универзитетскиот сенат, по претходно спроведена постапка во согласност со член 31 став 2 од Законот за високото образование, со мандат од две години без можност за реизбор. Студентскиот правобранител на УКЛО ќе работи во просториите на КРЕДО Центарот.

GOLD
To Top