Новости

Битола инфо

Претставници од битолската библиотека на семинар во Романија како дел од проектот PROMISE

Од 14 до 18 април 2019 година, претставници од Битолската библиотека беа на семинар во Романија како дел од активностите на проектот PROMISE – проект поддржан од Еразмус +.

На состанокот присутни беа библиотекарите  Фатма Бајрам Аземовска и Јелена Петровска, кои  ги  презентираа резултатите  од прашалниците во Македонија, кои беа реализирани во месец февруари и март 2019 година.

Целта на прашалниците беа собирање информации за:

– Кој зборува ромски, особено на која возраст?

– Дали постојат разлики помеѓу луѓето што живеат во градовите и во руралните средини?

Дали постојат разлики предизвикани од различни нивоа на образование?

– Каде главно се говори (на пр. Дома, на работа, во училиште итн.)?

– Што треба да се направи за да се зачува ромскиот јазик за идните генерации?

– Како може ромскиот јазик да се користи за образование за возрасни?

– Дали постојат примери за најдобри практики со потенцијал да се пренесат?

По презентацијата на секој партнер, се дискутираше на заеднички елементи кои ќе следат  од страна на сите партнери, како и воспоставување на некои рокови за реализација / завршување на истражувањето.

Во рамки на проектот беше остварена посета на Романската влада,  каде што се одржа дискусии за важноста на образованието за Ромите.  Г-ѓа Дана Варга, советник на премиерот на Романија, направи кратка презентација на мерките и проектите усвоени од страна на Владата во врска со ромското малцинство. Г-ѓа  Дана Варга исто така, ги презентираше своите проекти во Романија што ги има во тек, како советник на премиерот.

Остварена  е работна средба со партнерската невладина организација на ФЕДЕР Фондацијата Романија, а воспоставени се контакти со   Фондацијата за образование на Ромите – Романија каде беше организиран состанок  со  директорот на фондацијата. Имавме можност да слушнеме повеќе информации за РЕФ Романија – за нивните програми кои се во тек , за активности кои ги превземаат, за проблемите во функционирањет на оваа фондација итн.

По кратката презентација, имавме можност да ја посетиме градинката (проект на Норвешка амбасада и фондацијата)   во Galbinasi, Calarasi Каунти, каде што повеќето од децата (над 80%) се од ромската заедница. За време на оваа посета, остварена е средба со стручниот кадар од градинката.  На нашата средба имавме кратка презентација на потребите и предизвиците на заедницата, презентација на проектот и опис на активностите.

Во Галбинаси, го посетивме  и средното училиште Калараси . Заменик директор на училиштето е од ромска националност, кој ја познава заедницата и образовниот, тој не  запозна  со  нивните програми и проекти кои  ги спроведува училиштето од областа на образованието за возрасни.

 

Следна посета беше направена во општината Солдан –  Калараси, во седиштето на градот. За време на состанокот, градоначалникот направи краток опис на општината (над 60% од ромските жители), на проектите и на ромската заедница во општината. Се разговараше за  прашања поврзани со здравјето, образованието, вработувањето и домувањето на Ромите. Посетени беа училиштето,  библиотеката и културниот центар.

GOLD
To Top