Новости

Битола инфо

Приведени двајца битолчани поради прашкасти материи

На 01.11.2019 во времето од 14,45 до 16,45 часот, по претходно добиена наредба за претрес од Основен Суд Битола од полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес во домот и други простории на М.С.(39) од Битола. При претресот биле пронајдени и одземени: 21 најлонска паковка со прашкаста материја, алуминиумски фолии со прашкаста материја и еден мобилен телефон.

При претресот, во домот на М.С. била затекната И.П.(31) од Битола кај која биле пронајдени и одземени:пластични предмети со траги од прашкаста материја, шишиња со метадон, алуминиумски фолии со прашкаста материја, таблети бубренофин, мобилен телефон, пари…. М.С. и И.П. се приведени во СВР Битола и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Евротип
SNBROKER
To Top