Новости

Битола инфо

Приведени криумчари на мигранти – спречени шест Кубанци да го преминат илегално ГП „Меџитлија“

На 10.11.2019 година во 17.30 часот кај манастирот „Свети Илија“, во близина на Граничниот премин „Меџитлија“, полициски службеници спречиле шест лица од Куба кои се обиделе илегално да ја преминат државната граница од Р.С. Македонија во Р.Грција. Истовремено биле приведени и Р.Ќ.(37), возач на возилото „фолксваген транспортер“, со кое се превезувале и сопатникот Џ.С.(51), двајцата од Скопје. Кубанските државјани, заедно со Р.Ќ. и Џ.С. биле предадени во СВР Битола за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

GOLD
To Top