Новости

Битола инфо

Приведен 51-годишен битолчанец за две кражби

Од страна на лицето С.Ј.(80) од Битола е пријавено дека на 03.11.2018 година, лице кое се преставило дека е вработен во ЕВН, му понудил дека наводно ќе му среди да плаќа помали месечни износи за потрошена електрична енергија при што му одзел 40.000. Истото лице на 06.11.2018 година околу 12.00 часот, во стан сопственост на пријавителот на улица „Баталјон Стив Наумов“ во Битола, претставувајќи се како ветеринар, кој доаѓа со цел да интервенира по наводна реакција на станарите од зградата на пријавителот му одзел околу 13.000 денари .
По преземени мерки од слобода е лишен Т.Б.(51) од Битола поради соменение дека е сторител на двете кривични дела „кражба“.

GOLD
To Top