Новости

Битола инфо

Притвор за битолчанец поради недозволено држење на оружје

СВР-Битола на 09.03.2019 година поднесе кривична пријава против А.Ј. (54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, при претрес во домот на пријавениот пронајдени и одземени се пиштол марка „ЦЗ“ калибар 6.35мм со рамка со шест куршуми и пиштол–непозната марка калибар 6.35мм со рамка за истиот со два куршума.

Од страна на судија на претходна постапка од Основниот Суд-Битола, на А.Ј. одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена.

GOLD
To Top