Новости

Битола инфо

Промовирана триологија за мариовското село Брник

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ промовира трилогија за селото Брник, „Оживеани искри“, втора трилогија напишана и потпишана од авторот Божин Андоновски.
Трилогијата ги содржи книгите „Спомени и сеќавања за Брник“, „Оживеани искри: траги“ и „Расфрлени гнезда“, посочи авторот Божин Андоновски на синоќешната промоција во битолскиот Центар за култура. – Првата книга „Спомени и сеќавања за Брник“ е документарен запис за местоположбата на селото Брник, за жителите кои живееле во тоа село кое денес е оставено само на себе бидејќи нема нити еден жител.
Не е лесно да се пишува трилогија во која има поезија и проза. Во моите книги има и многу фотографии како поткрепа на пишуваното, истакна Божин Андоновски. Трилогијата „Оживеани искри“ ја промовираа професорите д-р Златко Жоглев, д-р Гордана Стојановска, д-р Весна Калпаковска и д-р Даниела Андоновска Трајковска. Андоновски претходно објави триологија за селото Врањевци. Пред аудиториумот во Битола, авторот Божин Андоновски најави промоција на нова книга со хумористични раскази.

GOLD
To Top