Новости

Битола инфо

Промовиран филмот „Којоти на полна месечина“ за ФК „Јени Маале“

Вечерва во малата сала на Центарот за култура беше промовиран документарниот филм „Којоти на полна месечина“ по повод 10 години од формирањето на ФК „Јени Маале“.

„Целта на овој филм е да го промовира спортот во Битола, да промовира млади кадри кои треба да се занимаваат со спорт, затоа што знаеме новото време што се ни носи. Се надеваме дека и другите маала од Битола исто така ќе формираат клубови со тоа што би го развиле спортот и културата во градот. Доста е фејсбуци, доста се телефони и интернет, малку да се префрлиме на спорт. Ова значи премногу за нашиот клуб, ние можеби сме единствените кои направиле ваков документарен филм за постоењето на еден клуб кој се натпреварува во општинска лига, немале ниту прволигашите ваков филм направено“, истакна Никола Пискачев, капитен на клубот.

 

GOLD
To Top