Новости

Битола инфо

Протест против загадениот воздух во Битола

Битолчани денеска излегоа на протест пред зградата на Општина Битола за да го искажат својот револт за загадениот воздух. Организатори на протестот насловен како „Битола сака да диши“ е советничката група „Поинаку“. Тие истакнаа дека според податоците бројот на заболени од белодробен карцином во Битола е за 2,5 пати повеќе од дозволеното, како и дека бројот на заболени деца од малигни неоплазми е загрижувачки.

-Денес сме овде собрани да му кажиме јасно на централната власт во Скопје дека Битола е сеуште во Македонија и дека постоиме и кога не е предизборие. Време е да му покажиме дека Битола сака да живее. Време е Битола да престане да биде колатерална штета за Македонија, рече Иван Чулаковски, советник од „Поинаку“.

За обвинувањата од СДСМ пак велат:

-Наместо да не обвинуваат за политички поени, ако беа искрени пред себе и битолчани, денес ќе излезеа на протест. Воздухот нема политичка боја, а болестите не одбираат по партиска припадност. Битола полесно ќе дише само ако сме сите заедно единствени, истакна Габриела Илиевска, советничка од „Поинаку“.

Битолчани добија поддршка и од Скопје, Драги Змијанац од „Меѓаши“.

GOLD
SN Finansii
To Top