Новости

Битола инфо

Професорката Јасмина Буневска Талевска од Битола прогласена за амбасадор на културата во сообраќајот од Европа

На 17-от Европски Транспортен Конгрес кој се одржува во Братислава, Словачка, д-р Јасмина Буневска Талевска, Професор на Технички факултет Битола и Претседател на советот за безбедност на сообраќајот во Битола е назначена за АМБАСАДОР на Унгарската идеја за промоција на културата во сообраќајот и културата во безбедноста во сообраќајот за Република Северна Македонија.

Признанието го добива како резултат на нејзиниот ангажман на полето на безбедноста во сообраќајот, добиените награди на европско ниво и обидот за подигнување на културата во безбедноста на сообраќајот низ плодните и успешни акции, активности, кампањи и интеграција на поединци и институции за сообраќајно-безбедни и сообраќајно-културни градови.

„Неизмерно сум среќна, ваквото европско признание за мене е голема обврска и мотив да продолжам уште посилно на мојот пат за подобрување на културата во сообраќајот во нашата земја.

Верувам дека како и во Европа така и дома ќе биде препозната младоста и просперитетноста и искористени во насока на управување со процесот на донесување на одлуки и планови за развој на безбедноста во сообраќајот и мобилноста на граѓаните.

Сакам да порачам дека културата воопшто и културата во сообраќајот треба да се негува и промовира секој ден, па, нека секој ден ни биде ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ!“, вели д-р Јасмина Буневска Талевска.

GOLD
To Top