Новости

Битола инфо

РЕК Битола: Испаднаа Блок 1 и Блок 3 во 14:16 часот

Во 14:16 часот од електроенергетскиот систем на РСМ испаднаа Блок 1 и Блок 3 на  РЕК Битола.
Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО, информираат од РЕК Битола.
Преку таа трафостаница РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ.Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем.

GOLD
To Top