Новости

Битола инфо

Работилница за анксиозност и самодоверба во Битола

Анксиозноста е најчестиот проблем на современото време. Луѓето кои живеат со симптоми на анксиозност и панични напади, вистински страдаат длабоко во себе. Преплавени се со хроничен страв и вознемиреност дека постојано ги демне некаква опасност во блиска или далечна иднина и дека сето тоа не можат да го контролираат. Поради тоа тие честопати се чувствуваат блокирани дури и во наједноставните активности во секојдневието. Анксиозноста има квалитет на “магичен круг“ од кој се излегува само на кратко или воопшто не се излегува, кој самиот себе се храни, одржува и засилува. Затоа е важно личноста која страда од симптомите на анксиозност и панични напади да стекне поголема свесност за суштината на истите, со цел да научи полесно да се справува со нив и да излезе од тој “магичен круг“ кој ја попречува да ги оствари своите потенцијали.

Самодовербата е еден од главните предуслови за среќен и успешен живот, а живееме во време каде што од сите страни сме опкружени со влијанија кои ни предизвикуваат несигурности и ниска самодоверба.


Разбирливо е да потклекнеме врз овие влијанија, но ако сакаме да бидеме навистина среќни и успешни мораме свесно да работиме на тоа да се ослободиме од сите стеги кои ни ги наметнува општеството.

Да се прифатиме себе си, да се засакаме себе си и да бидеме самоуверени да го живееме животот онака како што ние сакаме. Храбри, успешни, весели, среќни.
Добрата вест е дека самодовербата може да се стекне, може да се научи и извежба.

Ајде да повежбаме заедно!

Предавач на настанот: Бојана Стојменовиќ, Психолог, Семеен и системски советник, практикант на Child Centered Play Therapy, Консултант, Основач на Мој психолог.

Настанот е од отворен карактер но потребно е да го најавите вашето присуство на

075/964-015 (Бојана).
Котизација: 300 ден.
Локација: Центар за култура, Битола.
Настанот го организираат Мој психолог и Златно перо.

GOLD
To Top