Новости

Битола инфо

Размена на книги и книжевни муабети денеска во Битола

Денеска со почеток од 18:30 часот во Порта Џез ќе се одржи Размена на книги и книжевни муабети.

„Повелете да си размениме по некое книже и книжевно муабетче, нормално и кафенце… по Битолски.
Тие што биле, знаат, тие што не биле ќе дознаат за убавата атмосфера и пријатната дружба шо со душа чекаме да се повторува.
Се што треба е да понесете книги што веќе сте ги прочитале, а во замена за нив да си размените други, непрочитани, од присутните љубители на пишаниот збор“.

GOLD
To Top