Новости

Битола инфо

Ракометна хуманитарна аукција во Битола

Утре со почеток од 20:00 часот започнува долгоочекуваниот настан “РАКОМЕТНА ХУМАНИТАРНА АУКЦИЈА”.

Влезот на истата ќе биде 100 денари, додека пак почетна цена на дресовите е 1000 денари. Дојдете и бидете дел од овај несекојдневен настан каде ќе има голем број на изненадувања.

на прва аукција од ваков вид, ќе бидат изложени за продажба потпишани дресови од играчите на РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР кои го направија нашиот град повторно дом на ракометот.

Сите собрани средства ќе бидат претворени во вредносни ваучери од аптеките на ЕУРОФАРМ и ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

Од 21:00 часот започнува и коктел забавата со бендот – #TheGroove од Битола.

БИТОЛА ПРЕКУ РАКОМЕТОТ ЌЕ ЈА
ПОКАЖЕ ХУМАНАТА СТРАНА!

GOLD
To Top