Новости

Битола инфо

Реакција на ПСК Пелистер за Копанки: Решението е правно неиздржано и истото ќе го поништиме во соодветна законска постапка

ПСК Пелистер реагираше на решението од страна на градоначалничката на Општина Битола, за сопственоста на Планинарскиот дом Копанки, со кое Копанки стана сопственост на државата, а во натамошна постапка, Општина Битола планира од државата да го побара легализираниот објект на планинарскиот дом Копанки.

„Како Здружение ПСК Пелистер, како луѓе и граѓани на Битола, денес се соочивме со уште еден во низата напади врз нас, врз планинарството и спортот севкупно. Овој пат притисокот е изразен со донесување Решение од страна на градоначалничката со кое ни се одзема сопственоста врз Планинарскиот дом Копанки.

Како во најдобрите сталинови времиња, ама овојпат во 21 век – се спроведува НОВА НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА!

Решението е правно неиздржано, контрадикторно по форма и суштина и истото ќе го поништиме во соодветна законска постапка.

Нема да подлегнеме на притисоците, нема да се предадеме и покрај сите непријатности што ни се вршат и како планинарски клуб и поединечно на нашите членови.

Правото и правдата се на наша страна и истото ќе се докаже со идната правосилна пресуда! Градоначалничката за ваквото постапување ќе одговара според законот, кој нели, е ист за сите. За политичката и моралната одговорност ќе оставиме да судат нашите сограѓани.“

GOLD
To Top