Новости

Битола инфо

Регионална соработка на фестивали од Македонија и Косово

Започнува нова регионална соработка помеѓу фестивалите „Локум фест-музика и традиција“ од Битола , Р:Македонија и „Ракија Фест“ – Кукај- Р.Косово.

Соработката започнува со размена на артисти и воспоставување на партнерски односи , размена на  искуства и промовирање на фестивалите.
Како дел од оваа соработка на Ракија фест ќе настапи „Вевки-Џенгиз чалгија трио “ составена од вируозите на чалгиската музика Вевки Амедов, Ибрахим Џенгиз и Шукри Умеровски.
Убедени сме дека регионалната соработка и зближување, особено на културните оператори, ќе придонесе кон зближување на народите и професионалците, велат од „Локум фест-музика и традиција“.
GOLD
To Top