Новости

Битола инфо

Рекордна продажба на влезници за големиот концерт на „Нокаут“ во Битола

Рекордна продажба на влезници за големиот музички спектакл во Битола кој ќе се одржи на 17.08.2019 година (недела) во СН Сообраќајниот центар со почеток во 20 часот.

Продадени се над 1000 влезници првиот ден, а заинтересираноста на битолачни е се поголема за настанот кој ќе го одбележи ова лето во Битола.

Покрај големите хитови на групата „Нокаут“, публиката исто така ќе има можност да ужива и во музиката на единствениот Игор Џамбазов, а дел од овој концерт ќе биде и битолската група „Фолтин“.

Исто така има можност за резервација на маса со различни видови на пијалоци.

Организатори на овој музички спектакл се ЈК Травел, СН Сообраќаен Центар, СН Ресторан, СН Финансии, СН Брокер.

Подржувачи на овој настан се:

Картите за концертот се пуштени во претпродажба на сите продажни места на Купи Карти За Се и во канцелариите на ЈК Травел во Битола, Скопје, Штип и Куманово по цена од 250 денари. Цената на влезницата на самиот концерт е 400 денари.

GOLD
To Top