Новости

Битола инфо

Реновиран машкиот дел на битолска хирургија со донација од семејството Ковачевски

Со донација од семејството Ковачевски од Битола реновиран е машкиот оддел на хирургија во ЈЗУ Клиничка Болница Битола. Реновирањето ја опфати целосната санитарија, водовод, целосна опрема на сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизор, постелнина, реновирана е и работната соба, реновирани гардеробите за вработените, реновирани се ходниците.

Од болницата изразија голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на хирушкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобрите услови за работа. Директорот д-р Зоран Лазаров на семејството Ковачевски им додели благодарница.

GOLD
To Top