Новости

Битола инфо

Родители донеле мртво новороденче во битолската болница

На 17.11.2019 во 13.35 часот во СВР Битола, од Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато новороденче без траги на насилство, информираат од СВР Битола. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека бебето било донесено од родителите Р.(П.)А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top