Новости

Битола инфо

Ротаракт Широк Сокак со признание за најдобар клуб во Македонија

Ротаракт Клубот Широк Сокак од Битола доби признание за најдобар општествен клуб во нашата држава. Овој клуб кој постои од 31.10.2014 има мисија и цел да го подобрува општеството каде што живеат овие млади потенцијални идни лидери.

Ротаракт Широк Сокак реазлизираше повеќе проекти, донации во Битола, како што е акцијата „Подари Оброк“ во кој што се поделија 2400 топли оброци, повеќекратни донации во Клиничката Болница Битола, реновирање, санација на тоалети и училници во Заводот Кочо Рацин и сл.

Повеќе од 110 години ротаријанците од целиот свет се ангажираат за промовирање на мирот, солидарноста и инспирирање на позитивни промени во местата каде делуваат, како теми кои се од глобално значење за човештвото. Активностите се спроведуваат преку Ротари и Ротаракт клубови ширум светот, од кои 11 Ротаракт клубови постојат во нашата земја. Признанието за најдобрар клуб го доделува Сојузот на Ротари клубови кој е во рамките на Дистриктот 1912, заедно со клубовите од Република Словенија.

GOLD
To Top