Новости

Битола инфо

СВР Битола: Да не се употребуваат петарди и да се пријавува нивна продажба

СВР Битола ги известуваат граѓаните и правните субјекти на подрачјето под надлежност на СВР-Битола дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали и согласно чл.396 ст.4 од КЗ на РСМ за ова кр.дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.

-Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и др. пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети,губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани и согласно чл.2 и чл.31 од ЗППЈРМ за прекршителите предвидени се парични казни во противвредност од 200-500 евра,а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид,заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност.

-СВР-Битола ќе презема континуирани,редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на горенаведените законски одредби .

GOLD
To Top