Новости

Битола инфо

СВР Битола: Контролирани 484 возачи и возила во текот на вчерашниот ден

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на ден 27 февруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 484 возачи и возила.
При контролата, констатирано е дека 12 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 11 возачи управувале без возачка дозвола, од 24 алкотестирани нема утврдено присутво на алкохол .
Нерегистрирани биле 6 возила,на мобилен разговарале 4 возачи и 4 возачи не користеле сигурносен појас.
9 возачи се писмено опоменати ,а на 40 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и53 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 21 видови останати прекршоци.

Евротип
SNBROKER
To Top