Новости

Битола инфо

СВР Битола: Одземени 900 петарди, семејно насилство, пронајдена марихуана

На ден 30 декември во Секторот за внатрешни работи Битола лицето С. Ј ( 62) од Битола пријави дека истиот ден во околу 19.30 часот во семејниот дом на ул.Мукос нејзиниот син  М.Ј бил агресивен и упатувал закани по животот на пријавителката и на нејзиниот сопруг. Лицето е приведено, по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На ден 30декември од страна на полициски службеници од полициска станица Битола, од лицето С.Е.(29) од Битола ,поради сторено КД по чл.396 ст.1 од КЗ на РМ,одземени се Петарди марка ПИРАТ – 900 петарди .Лицето е лишено од слобода.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од село Будаково, Општина Могила поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил  кривично дело ”неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 и “неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 став 1 од Кривичниот закон на Р.Македонија. На 28.12.2018 година при претрес на домот на пријавениот пронајдена била една патничка торба со шест паковки ,завиткани во најлонска и селотејп трака со вкупна тежина од околу 5,5 kg марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола. На пријавениот наредниот ден му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

GOLD
To Top