Новости

Битола инфо

СВР Битола во посета на Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин”

Денес Отсекот за превенција на СВР Битола го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух ,говор и глас „Кочо Рацин” во Битола. Остварија средба раководниот кадар и вработените, а секако на големо задоволство и со дечињата од заводот каде им одржаа предавање во рамките на нивните активни проекти на тема “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, безбедност во сообраќајот, заштита од кражби, насилство помеѓу децата и многу други превентивни мерки за заштита.
На истите им беа поделени и флуоресцентни елечиња заради нивно безбедно движење во сообраќајот.

GOLD
To Top