Новости

Битола инфо

СВР Битола контролирала 308 возачи во текот на вчерашниот ден

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 27 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.

Притоа, контролирани се 308 возачи, од кои три возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, брзината ја надминале осум возачи, шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а еден возач не користел сигурносен појас. Издадени се вкупно 46 мандатни платни налози и девет прекршочни платни налози. Писмено се предупредени четири возачи.

GOLD
To Top