Новости

Битола инфо

СВР Битола со детален билтен за контролата во градот

Полициски службеници од СВР Битола на 06.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, констатирано е дека 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, седум возила биле нерегистрирани, тројца возачи ја надминале дозволената брзина, еден зборувал на мобилен телефон додека управувал возило, под дејство на алкохол биле седум возачи и тие биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

GOLD
To Top