Новости

Битола инфо

СВР Битола со детали за вчерашната контрола

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 13 март извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас и светло.

При контролата, констатирано е дека осум возачи управувале возило без возачка дозвола. Нерегистрирани биле две возила и на мобилен телефон разговарале шест возачи. Исто така, при контролата откриени се и други осум прекршоци.

GOLD
To Top