Новости

Битола инфо

СВР Битола со контрола над 381 возач

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 22 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.

Притоа, контролирани се 381 возачи, од кои 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила, брзината ја надминале девет возачи, а 17 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.

GOLD
To Top