Новости

Битола инфо

СВР Битола со контрола над 428 возачи, 42 со соодветни глоби

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 28 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол, при што биле контролирани 428 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 19 возачи управувале возило со поголема брзина од дозволената, еден возач управувал без возачка дозвола, а кај тројца возачи има утврдено присутво на алкохол. Нерегистрирано било едно едно возило, на мобилен телефон разговарале три возачи и двајца возачи не користеле сигурносен појас.

Пет возачи се писмено опоменати, а на 42 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 17 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 27 различни прекршоци.

Евротип
SNBROKER
To Top