Новости

Битола инфо

СВР Битола со контрола над 848 возачи

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот (07/08/09) јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, биле контролирани 848 возачи , од кои 25 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 12 возила, брзината ја надминале 114 возачи, четири возачи не користеле сигурносен појас, а еден зборувал на мобилен телефон при управување на возило.

GOLD
To Top