Новости

Битола инфо

СВР Битола со контрола над 965 возила

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот (29,30,31 март) извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.

Притоа, контролирани се вкупно 965 возила и возачи и било констатирано дека 47 возачи ја пречекориле дозволената брзина, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 10 возила, четири возачи користеле мобилен телефон при управување на возило и четири возачи не користеле сигурносен појас.

Едно возило било технички неисправно и било препратено на технички преглед.

GOLD
To Top