Новости

Битола инфо

СВР Битола со препораки до матурантите

Во интерес на безбедноста на сите граѓани а со единствена цел-безбедно прославување на матурските вечери, Секторот за внатрешни работи Битола, Ви препорачува да ги почитувате следните совети и препораки:

  • Апелираме до сите учесници во сообраќајот а посебно матурантите кои имаат стекнато право за управување со моторно возило, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на конзумирањето на алкохол и приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот.
  • Да не се управуваат  моторни возила без претходно положен возачки испит.
  • Да избегнува учество, предизвикување или поттикнување на друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.
  • Не е дозволено неовластена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства.

Исто така, апелираме и на сопствениците и вработените во угостителските објекти, да се придржуваат кон пропишаните законски одредби, со посебен акцент на:

  • да не се дозволи нарушување на јавниот ред и мир во објектот (тепачки, физички напади, гласна музика, оддавање на пијанство и точење алкохол на лица кои се под дејство на алкохол и сл.)
  • да не се дозволува присуство на малолетници после 24 часот или точење на алкохол на малолетници.

Навремено пријавување на секој настан на телефонскиот број-192.

Секторот за внатрешни работи Битола, им ја честита матурата на сите матуранти од генерацијата 2017-2018 година.

GOLD
SN Finansii
To Top