Новости

Битола инфо

СВР Битола: 11 прекршувања на полицискиот час

Во изминатото деноноќие на територијата која ја покрива СВР Битола регистрирани се 11 прекршувања на полицискиот час. Од нив шест прекршувања се во Битола, а 5 во Прилеп. Од шесте лица во Битола кои што го прекршиле полицискиот час четири лица се над 67 години, а две се лица во категоријата останати граѓани. Според СВР Битола, во Прилеп има 8 нови лица со решение за изолациј, а сите 5 лица кои што го прекршиле полицискиот час се во категоријата останати граѓани.

Од СВР Битола поднесени се 3 кривични пријави за четворица сторители по член 206 за непостапување според здраствени прописи за време на епидемија. Во двата објекта на територијата на Општина Битола во изолација се 123 лица.

GOLD
To Top