Новости

Битола инфо

СВР Битола: 29 возачи без возачка дозвола, 161 лице ја надминале брзината

Полициски службеници од СВР Битола во периодот од 11 до 13.10.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, констатирано е дека 29возачи управувале возило без возачка дозвола,16 возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 161 возач, четири возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. Под дејство на алкохол биле 19 возачи и истите се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

GOLD
To Top