Новости

Битола инфо

СВР Битола: 42 лица управувале под дејство на алкохол, 66 лица надминале брзина, 34 возеле без возачка дозвола

Полициски службеници од СВР Битола на 04, 05 и 06.10.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, констатирано е дека под дејство на алкохол управувале 42 возачи, кои биле исклучени од сообраќај, 34 возачи управувале возило без возачка дозвола, 14 возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 66 возачи, четири возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.

GOLD
To Top