Новости

Битола инфо

СН Групација и Дедо Мраз со подароци за децата во Битола

Штитениците во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“ од Битола добија подароци и пакетчиња во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. Донацијата е од СН Групацијата што предизвика голема радост кај овие деца посебно затоа што подароците ги добија од Дедо Мраз.

„Сите деца имаат право да бидат среќни затоа што детската насмевка е бесценета. Мило ни е што со нашите пакетчиња успеавме да ги израдуваме децата од заводот. Новогодишните и божиќните празници треба да се поминат во кругот на семејството а СН семејството е големо и во него има место за сите“- велат од СН Групацијата.

Новогодишни пакетчиња добија и првачињата од ОУ „Гоце Делчев“ од Битола, кои со ликовна работилница, изложба и многу песнички за зимата го поздравија тимот од СН Финансии, кои се дел од оваа групација.

„ Голема благодарност до СН Групација за донацијата. Нашите најмали ученици беа пресреќни и со задоволство ги примија новогодишните пакетчиња. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи“- вели Биљјана Стојковска, директор во ОУ „ Гоце Делчев“.

GOLD
To Top