Новости

Битола инфо

СН Сообраќаен центар претесен за концертот на „Нокаут“ во Битола

Синоќа се одржа големиот музички спектакл на „Нокаут“ заедно со своите гости Игор Џамбазов и „Фолтин“ во СН Сообраќајниот центар во Битола во организација на ЈК Травел.

Одлична атмосфера, добра забава и енергија се само дел од импресиите на посетителите на овој концерт, кои во еден глас ги пееа познатите хитови..

На синоќешниот концерт на групата „Нокаут“, Игор Џамбазов во свој стил кажа:

– „Прв пат настапувам пред Сообраќаен центар, но предвидувам и се надевам дека ова ќе биде новата идна музичка и концертна сцена на битолчани за добра музика, забава и позитивна енергија… Надвор од градот, заради бучава, но доволно близу за сите кои сакаат да се забавуваат на концерти. Ви поскувам уште многу вакви, добри концерти. – истакна Џамабазов.

Тоа го посакуваат и битолчани, а тоа се докажа и по големиот број повеќе илјадна публика  за кои “СН Сообраќаен центар“ беше претесен.

Покрај ЈК Травел дел од организација се и СН Сообраќаен Центар, СН Брокер, СН Финансии и СН Ресторан како и останатите подржувачи на овој концерт.

GOLD
To Top