Новости

Битола инфо

Садници од Сиекинен и Томашевиќ во центарот на Битола

Денес со настапот на финската хармоникашка Хели Сиекинен, започнува 11. издание на фестивалот „Музика од светот“. И како што е тренд во градот, сите значајни личности од сите области на општественото живеење садат дрво на некоја локација во Битола, така денес пред Центарот за култура, дрво засадија и Хели Сиекинен и Јелена Томашевиќ.

Вечерва во 20 часот започнува концертот на Сиекинен, заедно со Камерниот оркестар, а таа истакна дека напорно вежбала за овој концерт да го донесе на завидно ниво, со оглед на тоа дека хармониката која ја свири е доста популарен инструмент на овие простори.

А утревечер со почеток од 20 часот присутните во Центарот за култура, ќе уживаат со музиката на Јелена Томашевиќ. Таа вели дека пробата за концертот звучела божествено.

– „Големо задоволство ми е тоа што ќе пејам во Центарот за култура во Битола, ова ми е прв пат да настапувам тука и воопшто да сум во Битола и затоа сум подеднакво возбудена како и сите кои ќе дојдат на концерт, затоа и сум благодарна на сите кои вака изреагираа и купија карта во најбрз можен рок. Ветувам дека ќе се вратам тука, што е можно побрзо со уште еден концерт, ви се заблагодарувам на сите вас, на вашата љубезност и на повикот да бидам вечерва во вашиот град. Многу ми е драго што ќе настапам заедно со Камерниот оркестар од Битола, имавме проба, тоа звучеше божествено, а колку ќе биде убаво ќе видите и самите на сцената“.

Директорката на Центар за култура посочи дека очекува трите концерти да бидат исполенети до последно столче.

Музика од светот започнува вечерва, а ќе трае до 17 ноември, кога со свој концерт пред присутните ќе се претстават Џамбо Агушеви оркестар.

GOLD
To Top