Новости

Битола инфо

Саем за кариера во Битола

Младински културен центар – Битола и Инфо клуб – Битола во Центарот за култура, денес по трети пат го организира Саемот за кариера.

Во време кога сите размислуваат како да заминат оттука, Младинскиот културен центар од Битола и Инфо клубот со поддршка од Општина Битола, УНДП и Фонд за иновации и технолошки развој, со овој настан ги отвoраат вратите на комуникација помеѓу младите и бизнис-секторот, каде можат да се стекнат првите работни искуства, но и со можностите кои ги даваат неколку програми за финансиска поддршка, со која ако имате добра идеја за бизнис ќе станете претприемач.

Дел од саемот беше и СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Интерактивно со прашања од публика, одговори на дилеми и мотивирачки пораки, заврши првиот дел од Саемот за кариера, кој утре продолжува со промоција и јавни дискусија за мерките за вработување за кои ќе зборуваат Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот за фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Минатата година Саемот за кариера обезбеди 30 директни вработувања на присутни лица на самиот настан, оваа година МКЦ – Битола очекува уште подобра бројка.

GOLD
To Top