Новости

Битола инфо

Светскиот ден на литературата за деца одбележан во битолската библиотека

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, НУ Народен театар – Битола и Детската градинка „Естреја Овадија – Мара“ – Битола заеднички го одбележаa Светскиот ден на литература за деца. Настанот се одржa на ден 02.04.2019 година , со читање на приказната „Грдото пајче“ од страна на глумецот Никола Пројчевски, вработен во Битолскиот театар.  Во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, (роден на 2 Април 1805 година) се слави Светскиот ден на литературата за деца, со цел да се промовира книгата за деца и читањето. Од 1967 година па наваму, на овој ден, се потсетуваме на големата потреба да се сврти вниманието на јавноста за значењето на книгата за деца и да ги мотивираме децата да читаат од најмала возраст.

GOLD
To Top